Комунално Јавно Претпријатие    

   НИСКОГРАДБА

   Битола

Основна дејност
 

  КЈП,,Нискоградба,,-Битола е формирана  на ден 10.12.1954 година, од страна на Собранието на Општината Битола под името ,,Управа за изградба и  одржување на комунални објекти,, -Битола. Во периодот од тогаш до денес прерасна  во претпријатие, кое во исто време дава услуги од општ интерес за граѓаните на Општината Битола од делот на прочистување, одржување и одводнување на отпадни води, потоа уредување и одржување на улиците и патиштата, изградба на хидроградежни објекти и канализација, изградба на сообраќајни објекти, реконструкција и поправка на патишта, улици и плоштади и изградба на други објекти на нискоградба. Исто така врши  надзор и контрола при изградба на комунални објекти во Општината Битола, а во исто време рамноправно учествува на отворените повици на целата територија на Република Македонија со други правни субјекти  и изведува работи како погоре наведените и за други правни и физички лица.

  Процесот на изведување на овие дејности претпријатието ги обавува синхронизирано и взаемно преку работните единици:

 

Ø      Канализација

Ø      Улици и патишта

Ø      Механизација

Ø      Секторите за стопанско-сметководствени работи и за општо-правни и кадрови работи,

 

а исто така располага и со сопствено одделение за проектирање од областа на високоградба и нискоградба.

  Битола, располага со сопствена механизација и користи ровокопачи, утоварачи, камиони, трактори, ваљаци, машини за сечење асфалт, грејдер и камиони.

  За спроведувањето на планираните активности во  претпријатието се вработени вкупно 150 работници на неопределено време од кој 21 работник  со висока стручна спрема.

  Претпријатието е едуцирано, екипирано и искусно за изведување на најсложени работи од областа на изградба на хидроградежни објекти и канализација, изградба на сообраќајни објекти, реконструкција и поправка на патишта, улици и плоштади насекаде во Република Македонија.

 

                                     Со почитување

 

 

 

 

 

----------------------------

----------------------------