КЈП Нискоградба Битола е формирана 1954 година од страна на Собранието на Општината Битола под името Управа за изградба и одржување на комунални објекти - Битола. Во периодот од тогаш до денес прерасна  во претпријатие, кое во исто време дава услуги од општ интерес за граѓаните на Општината Битола во делот на прочистување, одржување и одводнување на отпадни води, а исто така уредување и одржување на улиците и патиштата, изградба на хидроградежни објекти и канализација, изградба на сообраќајни објекти, реконструкција и поправка на патишта, улици и плоштади и изградба на други објекти на нискоградба. Исто така врши надзор и контрола при изградба на комунални објекти во Општината Битола, а во исто време рамноправно учествува на отворените повици на целата територија на Република Македонија со други правни субјекти  и изведува работи како погоре наведените и за други правни и физички лица.